Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ И ГЕНЕРАЛНИОТ СЕКРЕТАР НА МПС НА ТЕРЕН СО КОЛЕГИТЕ

Денес Претседателот на МПС Д-р Марјан Кицев и Генералниот секретар Киро Трајковски, ги посетија колегите кои се ангажирани во спречувањето на пожарите во Кокино, кај Старо Нагоричане, кумановско.

При средбата со колегите делегацијата на МПС упати благодарност до нив, како и до сите припадници на Армијата, Дирекцијата за заштита и спасување но и кон граѓаните кои доброволно излегоа да помогнатво справувањето со пожарот.

Почитувани колеги, секојдневно покажувате на дело како се почитува униформата што ја носите.

Исправени гордо пред предизвикот, секогаш први на браникот на нашата држава ја манифестирате Вашата човечност и саможртва кои ќе останат пример за идните генерации- пример за тоа како се сака и почитува својата татковина.

Со почит

Македонски полициски синдикат

Претседател

Д-р Марјан Кицев

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.