Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

Претседателот на Агро-Синдикат/Китаноски истакна дека Македонија е на дното во регионот според минималната и просечната плата, вклучувајќи го и земјоделството, водостопанството, тутунската и прехранбената индустрија.

Работниците често се соочуваат со прекувремена работа без соодветна исплата, физички тешки услови и недоволна заштита при работа, а фрапантни 73,3 % од работниците примаат плата под просечната плата.

Тој информираше и за неодамнешните активности на „жолтите синдикати“ и директните упади на овие, од владејачките структури раководени синдикати врз членството на Агро-Синдикат и на другите синдикати здружени во ССМ, каде со уцени и заплашувања членовите на Агро-Синдикат биле приморани да се зачленуваат во нивните синдикати.

На состанокот беа детектирани заедничките проблеми, и проектирани плановите за нивно надминување од синдикална перспектива.

Во наредниот период меѓународните синдикални централи ќе бидат непосредно запознаени со состојбите поврзани со работничките права во Македонија.

 

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2026 | Сите права се задржани.