Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

Претседателот на МПС Зоран Кузмановски избран за заменик Генерален секретар на Советот на европските полициски синдикати CESP

Почитувани,

Во периодот од 1-2.10.2025 година во Букурешт- Романија се одржа 12ти КОНГРЕС НА СОВЕТОТ НА ЕВРОПСКИ ПОЛИЦИСКИ СИНДИКАТИ (CESP) на кој како рамноправен член учествува делегацијата на Македонскиот Полициски Синдикат претставувана од Претседателот на МПС Зоран Кузманоски и Помошникот на Ген. Сек. Еврен Адемовски.

На 12тиот Конгрес на Советот на Европски полициски синдикати (CESP) се избираше нов Претседател, Генерален Секретар и Заменици на Генералниот Секретар.

Како заслуга за досегашните достигнувања на МПС како на домашно така и на меѓународно ниво му беше укажана особена чест и со консензус, Претседателот на МПС Зоран Кузманоски беше избран за Заменик на Генералниот секретар на CESP.

Во име на сите членови на Македонскиот полициски синдикат, Ви упатуваме искрени честитки по повод Вашиот избор на високата и значајна функција Заменик генерален секретар во Советот на европски полициски синдикати (CESP).

Овој избор претставува големо признание, не само за Вашата лична посветеност и ангажман, туку и за Македонскиот полициски синдикат во целина, како резултат на нашата заедничка работа, принципиелна борба и континуирани заложби за заштита на правата, достоинството и интересите на полициските службеници.

Вашето поставување на оваа одговорна функција е доказ за угледот што МПС го ужива не само во државата, туку и на меѓународно ниво. Тоа е потврда дека патот што го трасиравме заедно, на транспарентност, одговорност и солидарност е препознаен и ценет и во највисоките европски синдикални структури.

Горди сме што преку Вас, гласот на македонскиот полициски службеник ќе биде слушнат и застапен и на европско ниво.

Ви посакуваме многу успех во извршувањето на новата функција и веруваме дека ќе продолжите да ја афирмирате улогата на МПС како активен и респектиран чинител во регионалните и европските процеси.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2026 | Сите права се задржани.