- Македонски
- English
На 14 октомври 2024 година во Европскиот економски социјален комитет во Брисел, се одржа 22 седница на Извршниот комитет на Меѓународната конфедерација на синдикатите (ITUC) - Паневропски регионален комитет (PERK) на која како нов член учествуваше Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија Слободан Трендафилов.
Претседателот на ССМ Трендафилов е дел од Извршниот комитет на ITUC - PERK, со кој претседава Игор Зобцу Претседател на PERK И Естер Линч Генерален секретар на PERK и Генерален секретар на Европската конфедерација на синдикатите (ETUC).
Сојузот на синдикатите на Македонија ја зајакнува својата позиција на меѓународен план и добива поддршката од Меѓународните синдикални централи во заедничката борба за зачувување и унапредување на работничките права.