Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ССМ, ДАРКО ДИМОВСКИ НА СОСТАНОК СО МИНИСТЕРКАТА ЗА ТРУД И СИЦИЈАЛНА ПОЛИТИКА, ЈАГОДА ШАХПАСКА

Претседателот на ССМ , Димовски, заедно со претставници на другите синдикати, остварија состанок со новата Министерка за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска.

На состанокот, Претседателот Димовски и пренесе на Министерката, Шахпаска дека Сојузот на синдикатите на Македонија како единствен Репрезентативен претставник на работниците во нашата Држава, настојува секогаш, а особено во овие услови, во името на работниците кои се членови на синдикатите здружени во ССМ, како и во името на сите работници да ги пренесува нивните барања и укажувања и да ги заштитува нивните работнички права.

Во наредниог период мора да се изнајде решение и договори за вработување на определено време да се склучуваат само во исклучителни објективни услови и со траење до 1 година, недела да биде ден на неделен одмор, унапредување на колективното договарање ( потпишување на ОКД за приватен сектор и за јавен сектор) и социјалниот дијалог на сите нивоа, минималната плата да не изнесува под 60% од просечната плата како и за сите други барања на работниците и ССМ, кои се дел од ставовите на ССМ, а истовремено го поздрави прифатениот предлог на ССМ за воведување на повеќе услови за пензионирање во Законот за пензиско и инвалидско осигурување, нешто на што ССМ инсистира повеќе од 10 години.

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска истакна дека еден од Законите кои ќе го одбележат периодот на менаџирање со Министерството за труд и социјална политика ќе биде Законот за работни односи, како системски закон, кој последен пат е донесен 2005 година и иако до денеска има претрпено измени, покажа бројни слабости за проблемите со кои се соочуваат работниците како и тоа дека приоритет на новата Влада е зачувување на секое работно место, силна поддршка на компаниите како најпогодени од кризата.

Присутните на средбата, заеднички констатираа дека потребата од социјален дијалог е повеќе од нужна за надминување на предизвиците со кои ќе се соочиме во наредниот период, а се предизвикани од корона кризата која има сериозен импакт и во економијата.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2026 | Сите права се задржани.