Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ССМ ДИМОВСКИ ПРЕТСЕДАВАШЕ СО СЕДНИЦА НА ЕСС

На 25.11.2021 година се одржа 15-та седница на ЕСС, преку видео-конференциска врска, а со истата за прв пат претседаваше Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, Дарко Димовски.

На седницата беше разгледувана Стратегија за безбедност и здравје при работа 2021-2025 со Акциски план за БЗР 2021-23, а Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, Димовски ги информираше присутните и за барањата на ССМ за Итна измена и дополнување на Законот за минимална плата со која ќе се спречи минималната плата да изнесува под 60 % од просечната плата односно истата да се зголеми најмалку на 18.000,00 денари и да се предвиди решение со кое и останатите плати ќе го следат растот на минималната плата и дека за ова мора упте на првата наредна седница на да се дискутира.

Истовремено, информираше дека на првата наредна седница ќе се достави иницијатива за ратификација на три нови Конвенции: Конвенција за БЗР во градежништво ( бр.167), Конвенција за БЗР во рудници ( бр.176) и Конвенција за БЗР во земјоделство за кои со поддршка на Меѓународната организација на трудот се изработени и промотивни видеа.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.