Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ССМ НА ГОДИШНОТО СОБРАНИЕ НА НСОН

Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија Слободан Трендафилов беше дел од Годишното собрание на Независен синдикат за образование и наука .

Претседателот на ССМ Трендафилов истакна дека работниците во образованието веќе го препознаваат Независниот синдикат за образование и наука како единствен синдикат кој се бори и не се моли за унапредување на правата на вработените во дејноста образование. ССМ заедно со НСОН преку Општиот колективен договор обезбедија право на регрес за годишен одмор, право на јубилејни награди, обезбедија работниците во образованието да добиваат брза и ефикасна бесплатна правна помош што го прави НСОН препознатлив помеѓу вработените во образованието.

Независниот синдикат за образование и наука НСОН кој е член на Сојузот на синдикатите на Македонија е синдикатот на кој треба да му си приклучат вработените во образование, за да можат заедно да ги спречат оние кои ги распродаваат нивните работнички права.

НСОН е синдикатот кој се бори, другиот е синдикатот кој се моли !

 

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2025 | Сите права се задржани.