- Македонски
- English

Националниот совет за евроинтеграции и Комисијата за европски прашања одржаа заедничка седница.
Седницата ја отворија претседателите на Националниот совет за евроинтеграции и на Комисијата за европски прашања, Венко Филипче и Антонијо Милошоски, а на истата учествуваа и претседателката на Републиката, Гордана Сиљановска-Давкова; министерот за европски прашања, Орхан Муртезани и заменик-претседателката на НЕИ, Марија Петрушевска. Збор зеде и потпретседателката на Собранието, Весна Бендевска, како и дел од пратениците, а на седницата присуствуваше и Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија Слободан Трендафилов.



Амбасадорот на ЕУ, Михалис Рокас, го презентираше Извештајот на ЕК пред Националниот совет за евроинтеграции и Комисијата за европски прашања на Собранието.
Покрај другото, една од забелешките беше дека во Македонија има состојба на многу ниски плати и низок степен на инвестиции.