- Македонски
- English
5.11.2015
На 5-ти ноември 2015 година, претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), д-р Живко Митревски оствари средба со началникот на Генералштабот на АРМ генерал-потполковник, Методија Величковски.
На средбата која е прва од ваков вид од назначувањето на генерал Величковски за НГШ, се разговараше за можностите за соработката на ССМ и АРМ во однос на состојбата во остварување на општоприфатените стандарди и норми на меѓународното право во работничката сфера на припадниците на АРМ, како и за актуелни случувања во сферата на правата од работниот однос.
Голем дел на припадниците на Армијата на Република Македонија се синдикални членови во Синдикатот на одбраната и безбедноста кој е составен дел на организацијата на ССМ.