Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ССМ, ТРЕНДАФИЛОВ НА СРЕДБА СО ДИРЕКТОРОТ НА МОТ, ПИЛГРИМ И НАЦИОНАЛНИОТ КООРДИНАТОР НА МОТ, КРСТАНОВСКИ

Денеска, Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија Слободан Трендафилов ја имаше својата прва официјална средба по неговиот избор, а на која се сретна со Маркус Пилгрим, Директор на МОТ за Централна и Источна европа, Националниот координатор на МОТ, Емил Крстановски и Наташа Мечкароска Симјаноска од канцеларијата на МОТ во Скопје.

Претседателот на ССМ, Трендафилов на претставниците на МОТ им ја презентираше моменталната состојба поврзана со работничките права, почитувањето на законите и колективните договори, како и почитувањето на Меѓународните трудови стандарди.

Ја искористи приликата да ги информира за преговорите за нов Општ колективен договор за јавен сектор, за зголемувањето на работното време на 72 часови за одредена категорија на работниците кои ќе работат на изградбата на коридорите од стратешки интерес, за правилникот на МТСП со кој надвор од закон се оневозможува колективното договарање во Македонија како и за предизвикот со кој беше соочен ССМ во исклучителни сложени услови да продолжи да ги обавува функциите, како и за директното мешање во внатрешните работи на ССМ во изминатиот период.

Претседателот Трендафилов истакна дека соработката со Меѓународната организација на трудот е од исклучителна важност и дека без таа поддршка денеска немаше да ја има првата бесплатна мобилна апликација ССМ – мои работнички права, СИНДИ – е советник за работнички права, а ја искористи и приликата да се заблагодари за помошта во насока на зајакнување на капацитетите на синдикатите членки на ССМ преку проектите Зајакнување и Унапредување на Социјалниот дијалог.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2026 | Сите права се задржани.