Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ССМ ТРЕНДАФИЛОВ НА СРЕДБА СО МИНИСТЕРОТ АНДОНОВСКИ

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ССМ ТРЕНДАФИЛОВ НА СРЕДБА СО МИНИСТЕРОТ АНДОНОВСКИ

Претседателот на ССМ Слободан Трендафилов придружуван од Лиле Петрова, Шеф на кабинетот денеска остварија средба со Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски .

На средбата, главен акцент беше ставен на соработката помеѓу министерството и синдикатот за унапредување на работничките права по пат на социјален дијалог, особено преку механизмите на колективното договарање и склучување на колективни договори.

Во процесот на дигитализација, спроведувањето на проектите и активностите од страна на вработените во Министерството за дигитална трансформација ќе биде соодветно вреднувано, земајќи ги во предвид спецификите на работните задачи и дефицитот на квалификувана работна сила.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.