- Македонски
- English
ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ССМ ТРЕНДАФИЛОВ НА СРЕДБА СО МИНИСТЕРОТ ПЕРИНСКИ
Претседателот на ССМ Слободан Трендафилов, Генералниот секретар на Синдикатот на УПОЗ Бојан Трипуноски и Претседателот на СУТКОЗ Стојанче Кашиковски остварија работна средба со Министерот за локална самоуправа, Златко Перински .
На денешната средба, фокална точка на разговорот беше меѓусебното разбирање во рамки на можностите, а во насока на сите тековни и планирани активности.
Во периодот кој следи ќе се унапреди соработката и заеднички да се изнаоѓаат решенија за сите предизвици и проблеми по пат на социјален дијалог.