- Македонски
- English
ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ССМ ТРЕНДАФИЛОВ НА СРЕДБА СО ВИЦЕПРЕМИЕРОТ ДИМОВСКИ
Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) Слободан Трендафилов и Потпретседателот на ССМ за приватен сектор и Претседател на СГИП Иван Пешевски остварија средба со Вицепремиерот Љупчо Димовски.
Вицепремиерот Димовски ја потенцираше неговата постојана поддршка на македонските работници и разбирањето на проблемите со кои се соочуваат и нагласи дека соработката со ССМ продолжува во нова форма и ниво, а во прилог на заштита на интересите на работниците.
Претседателот на ССМ Трендафилов истакна дека социјалниот дијалог е важна алка во заштитата и унапредување на работничките права, поддршката е значајна, а соработката помеѓу претставниците на работниците и претставниците на владата треба да биде пример за останатите функционери.