Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

Претставници на светската банка разговараа со ссм за невработеноста

 

27.06.2011_sostanok_svetska_banka
Од состанокот: ССМ со јасни барања за намалување на невработеноста

Претставниците на Светската банка Индира Сантос и Јоханес Кетл денес претстојуваа во Сојузот на синдикатите на Македонија. Тема на состанокот ССМ беа ставовите, предлозите и улогата на Синдикатот во намалувањето на невработеноста во Република Македонија.

ССМ го претставуваа претседателот Живко Митревски, претседателот на Македонскиот полициски синдикат Тихомир Климоски и Лилјана Јанкуловска, раководител на Одделението за економски и социјални прашања на ССМ.

Претседателот Митревски ги информираше гостите дека ССМ подолго време инсистира на наоѓање начин за намалување и елиминирање на неевидентирањето вработување, односно работењето на црно. Реформата на пензискиот систем е исто така една од мерките што ги предлага ССМ. Имено, ССМ води посебна иницијатива за проширување на условите за пензионирање, што во практиката ќе значи ослободување на доста работни места во земјата. Третата мерка е непосредно учество на синдикатите во креирањето на законите.

После посетатата на ССМ Индира Сантос и Јоханес Кетл, економисти кои доаѓаат од централното седиште на Светската банка во Вашингтон, ќе разговараат со Организацијата на работодавачи и со Владата, по што ќе поднесат извештај до раководството на Светската банка.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2026 | Сите права се задржани.