Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА НОВАТА МОБИЛНА АПЛИКАЦИЈА ССМ-МОИ РАБОТНИЧКИ ПРАВА И МОЖНОСТА ЗА БЕСПЛАТНА ПРАВНА ЗАШТИТА ВО КАВАДАРЦИ

ДЕНЕС, ВО КАВАДАРЦИ ЈА ПРЕЗЕНТИРАВМЕ НОВАТА МОБИЛНА АПЛИКАЦИЈА ССМ-МОИ РАБОТНИЧКИ ПРАВА И МОЖНОСТА ЗА БЕСПЛАТНА ПРАВНА ЗАШТИТА КОЈА ЈА ОВОЗМОЖУВА ССМ

Сојузот на синдикатите на Македонија, во рамките на Проектот „Правна заштита – сигурност на работничките права“, поддржан од Меѓународната организација на труд, а финансиран од Европската Комисија, со цел за поголема достапност за навремено, стручно и превентивно делување при заштитата и унапредување на работничките права, како и доближување на синдикатот до младите, во Кавадарци организираше еднодневна средба и обука на која присутните имаа можност да се запознаат со можноста за бесплатна правна заштита, дадената правна заштита од Сојузот на синдикатите на Македонија во изминатиот период, а беше промовиран краток видео спот како и првата бесплатна мобилна апликација: ССМ- Мои работнички права која на работниците и граѓаните им овозможува преку користење на своите мобилни телефони да пријават прекршување на работничките права до Сојузот на синдикатите на Македонија и тоа да пријавуваат прекршено право за себе и за друго лице, анонимно пријавување, директна комуникација со претставници на ССМ, како и следење на вести и совети од ССМ.

На средба на која беа присутни и Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, Дарко Димовски и Претседателот на Македонски полициски синдикат, д-р Марјан Кицев, а преку неформален разговор, присутните имаа можност да добијат информации, совети и мислења од колешките и колегите, правници, по однос на прашања од работен однос кои ги засегаат нив лично, нивните колешки и колеги или нивни блиски.

Во петок, нашата кампања продолжува во Струмица.

 

 

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.