Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ПРИЧИНА ПОВЕЌЕ ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА МИНИМАЛНАТА ПЛАТА

Минималната плата мора да се зголеми на најмалку 500 евра, а со тоа да се зголемат и останатите плати за најмалку 100 евра затоа што 55,7% од македонските граѓани не можат да си дозволат еднонеделен годишен одмор.

Алармантно е тоа што во вредноста на Синдикалната минимална кошница која се обидуваа да ја оспоруваат затоа што во неа според нив се предвидувало луксуз, предвиден е трошок за седум ноќевања во Дојран од 23 до 30 јуни, но пололовина од македонските работници не можат да си го дозволат ниту тоа.

Потребен е раст на платите за македонските работници да можат да си овозможат пристоен годишен одмор за себе и за своите семејства, затоа што и минималната и просечната плата се најниски во регионот, а со нив 55,7 % од работниците не можат да си овозможат годишен одмор.

Податокот е преземен од Еуростат, првично објавен од Finance Think

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2026 | Сите права се задржани.