Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

Прифатено е барањето на пожарникарите за нов колективен договор.

Претседателотот на Независниот синдикат на пожарникарите Тони Бошковски, како и Боби Вељановски секретар на Независниот синдикат на пожарникарите на Македонија,, како и заменик командантот на Противпожарната бригада Скопје Звонко Томески остварија средба со Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска на која во името на Независниот синдикат на пожарникарите на Македонија при ССМ се дискутираше за предлог Колективен договор за измена идополнување на Колективниот на ниво на работодавач – Град Скопје со кој нашите колеги од Независниот синдикат на пожарникарите на Македонија сметаат дека ќе се исправи една голема неправда кон пожарникарите во делот на бодувањето и истото наместо во правилникот за утврдување на коефициент на плата, да се трансформира во бодување во колективниот договор, со што ќе бидат заштитени законските права на пожарникарите, исплата на надомест за работа во ден на неделен одмор и др.

Исто така тие ги истакнаа и нивните барања да бидат осигурени, да бидат заштитени нивните работнички права, исплаќање на К-15, признавање на ноќна работа и соодветна исплата на дополнителни работни часови, за што побараа итно решавање од страна на Градот.

Сојузот на синдикатите на Македонија укажува дека социјалниот дијалог е единствениот начин на решавање на проблемите и прашањата со кои се соочени работниците.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.