Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ПРИМЕР ЗА НЕЗАКОНСКА ИСПЛАТА НА ПЛАТА

 

ПРИЈАВИ ВО ССМ ако твојата писмена пресметка на платата изгледа како на сликата или добиваш плата на таков начин

ССМ веќе поднесе пријави за неколку работодавачи кои незаконски пресметуваат и исплаќаат плата на работниците.

Минимална плата е најнискиот месечен износ на ОСНОВНАТА ПЛАТА која работодавачот е должен да му ја исплати на работникот за работа извршена за полно работно време.

Платата е составена од:

- основна плата;

- дел од плата за работна успешност, и

– додатоци.

ОСНОВНАТА ПЛАТА не може да биде пониска од минималната плата утврдена со закон.

ОСНОВНАТА ПЛАТА на работникот се зголемува кога работникот работи во услови потешки од нормалните, за определено работно место, како и основната плата на работникот се зголемува по час најмалку за:

35% за прекувремена работа,
35% за работа ноќе,
5% за работа во три смени,
50% работа во ден на неделен одмор.

За работа во денови на празници и неработни денови утврдени со закон, работникот има право на надомест на платата што му припаѓа кога во тие денови не работи и плата за поминатите часови на работа зголемена за 50% или вкупно 250%, а додатоците, меѓусебно не се исклучуваат.

ОСНОВНАТА ПЛАТА на работникот се зголемува за 0,5% за секоја година работен стаж.

Работодавачот на свој трошок на работниците може да им организира превоз до и од работното место, како и исхрана за време на работа, па ако ја пресметувал истиот мора и да ја исплати

Работодавачот не смее своите побарувања кон работникот без негова писмена согласност да ги порамни со својата обврска за исплата на платата.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.