Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ПРОДАВАМЕ ВОДА, А НЕМАМЕ ЗА ЛЕБ - ПРОТЕСТ НА РАБОТНИЦИТЕ ОД ВОДОСТОПАНСТВО

ПРОДАВАМЕ ВОДА, А НЕМАМЕ ЗА ЛЕБ - ПРОТЕСТ НА РАБОТНИЦИТЕ ОД ВОДОСТОПАНСТВО

Сојуз на синдикатите на Македонија денеска даде целосна поддршка Агро-Синдикат/ Agro-Sindikat и на работниците од Водостопанство АД во државна сопственост кои излегоа на протест пред Владата поради двете неисплатени плати.

Сојузот на синдикатите на Македонија и АГРО Синдикатот се загрижени за состојбата во Водостопанство, особено поради тоа што вработените редовно ги извршуваат своите работни задачи, а за возврат веќе неколку месеци не ја добиваат одработената плата што во овие служени услови за живот предизвикани од инфлацијата, како и од потребата за обезбедување на нивните семејства со достоен живот предизвикува револт кај работниците во ова претпријатие, а за што како нивни претставници во изминатиот период предупредувавме и укажувавме.

Доколку не се исплатат изработените заостанати плати, вработените се подготвени да стапат во штрајк со што ќе биде доведено во прашање водоснабдувањето на посевите, особено ако се знае дека Водостопанство како претпријатие е крвотокот на земјоделието.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.