Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

Продолжен колективниот договор за хемиската индустрија

13.04.2011_spogodba_hemija
Голабоски и Мироновски на денешното потпишување на Спогодбата

Денес во Организацијата на работодавачи на Република Македонија е потпишана Спогодба за изменување, дополнување и продолжување на  Колективниот договор за хемиската индустрија за три години.

Спогодбата ја потпишаа претседателот на Здружението на работодавачи на хемиска индустрија при Организацијата на работодавачи  Иван Голабоски и претседателот на Синдикатот за хемија, неметали и метали Зоран Мироновски.

Колективниот е усогласен со измените во Законот за работни односи и со промените во другите закони. Договорено е Колективниот говор да биде објавен на интернет страниците на Сојузот на синдикатите на Македонија и на Организацијата на работодавачи.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2026 | Сите права се задржани.