Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

Продолжен колективниот договор за тутунското стопанство

Денес во АГРО Синдикатот е потпишана Спогодба за продолжување на Колективниот договор за вработените во тутунското стопанство. Спогодбата ја потпишаа претседателот на АГРО Синдикатот Живко Даневски и преседателот на Здружението за тутунско стопанство при Организацијата на работодавачи Лидија Групчева. На настанот присуствуваше и претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија Живко Митревски.

Со оваа спогодба важноста на Колективниот договор се продолжува за две години. Исто така, во спогодбата стои дека ако по изминувањето на рокот од две години, од денот на продолжувањето, не се склучи спогодба за продолжување, колективниот договор продолжува да важи за наредниот период од две години.

Спогодбата за продолжување на Колективниот договор за тутунското стопанство е поставена на истиов портал, во одделот КОЛЕКТИВНИ ДОГОВОРИ.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2026 | Сите права се задржани.