Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

Продолжена соработката на синдикатите здружени во ссм и ссм со хак-иш

 

11.9.2015

Слика 1. Делегација од Сојузот на синдикати на Турција Хак-Иш во посета на ССМСлика 1. Делегација од Сојузот на синдикати на Турција Хак-Иш во посета на ССМ

Синдикатот на работниците од локалната самоуправа и јавни служби на Р. Турција ХИЗМЕТ- ИШ подолго време имаат воспоставено соработка со Синдикатот на работниците од Управата, правосудните органи и здруженија на граѓани на Р. Македонија (УПОЗ) кој е синдикат здружен во ССМ. Соработката со УПОЗ со ХИЗМЕТ- ИШ и ССМ датира уште од 2008 година. Во рамките на ваквата соработка, синдикатот на ХИЗМЕТ- ИШ одржа седница на Совет а имаше  повеќе билатерални средби со раководството на УПОЗ и ССМ.

Слика 2. Работна посета на Хак-ИшСлика 2. Работна посета на Хак-Иш

Предмет на разговорете беа особеностите на синдикатите во рамките на глобалната економска криза и поставеноста на синдикатите  и беа разменет повеќе искуства од оваа сфера.
На ден 11.9.2015 година, претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, д-р Живко Митревски и претседателот на Конфедерацијата на синдикати од Република Турција, ХАК- ИШ воедно и претседател на Синдикатот на работниците од локалната самоуправа и јавните служби на Р. Турција, ХИЗМЕТ- ИШ, Махмуд Арслан, потпишаа и договор за натамошна соработка во рамките на остварувањето на заедничките синдикални средби.
 
Слика 3. Потпишување на Договорот за соработка помеѓу претседателот на Хак- Иш, Махмут Арслан и претседателот на ССМ, д-р Живко МитревскиСлика 3. Потпишување на Договорот за соработка помеѓу претседателот на Хак- Иш, Махмут Арслан и претседателот на ССМ, д-р Живко Митревски

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2026 | Сите права се задржани.