Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

Продолжени колективните договори за текстил, кожа и чевли

5.04.2013

Денешното потпишување на спогодбите во ССМДенешното потпишување на спогодбите во ССМ

Денес во Сојузот на синдикатите на Македонија се потпишани две спогодби, со кои се продолжува важноста на колективните договори за текстил, кожа и чевли.

Спогодбата за продолжување на Колективниот договор за текстилна индустрија ја потпишаа претседателот на Синдикатот на работниците од текстилната, кожарската и чевларската индустрија Ангелко Ангелковски и претседателот на Здружението за текстилна индустрија при Организацијата на работодавачи на Македонија Димитар Поповски.

Спогодбата за продолжување на Колективниот договор за кожарската и чевларската индустрија ја потпишаа исто така претседателот на СТКЧ Ангелко Ангелковски и претседателот на Здружението за чевларска и кожарска индустрија при ОРМ Костадин Барзов.

На потпишувањето присуствуваа претседателот на ССМ д-р Живко Митревски и претседателот на Организацијата на работодавачи Ангел Димитров.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2026 | Сите права се задржани.