Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ПРОДОЛЖУВА СКЛУЧУВАЊЕТО НА КОЛЕКТИВНИ ДОГОВОРИ НА ОПШТИНСКО НИВО

Денес, 24.08.2022 година, во просториите на Општина Петровец, се потпиша Колективениот договор за вработените во Општина Петровец. Колективниот договор од страна на Синдикатот на УПОЗ го потпишаа Претседателот на Синдикатот на УПОЗ Трпе Деаноски и претседателот на Синдикалната организација при Општина Петровец Елена Младеновска и Градоначалникот на Општина Петровец Борче Митевски.

Со овој колективен договор се уредуваат правата, обврските, одговорностите и други прашања во врска со работниот однос на вработените при Општина Петровец: вработувањето и унапредувањето, работа во неработни денови, платите и надоместоците на плата, регресот за годишен одмор итн.

Радува фактот што Синдикалната организација при Општина Петровец, самоиницијативно се формираше во почетокот на месец јули, и по месец дена се подготви и потпиша текст на Колективен договор.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.