Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ПРОГЛАС

ПРОГЛАС

Се обраќаме до нашите братски синдикати, до сите работници и граѓани,( пензионери, стечајни работници, невработени, студенти) на оваа Држава да ни се придружат и да ни дадат поддршка, односно безрезервно да ни се приклучат во сите активности што на овој план ќе ги преземеме во наредниот период.

Сите ние, некогаш сме билe, сега сме или ќе бидеме работници, па поради тоа потребно е да застанеме сите заедно, рамо до рамо, зошто колку сме побројни толку сме посилни и погласни за обезбедување на нашите права.

Предизвикани и поттикнати од актуелната општествено економска социјална состојба, недостатокот на слух од страна на Државните институции за навремено поднесените барања на ССМ како единствен репрезентативен синдикат во Државата, Сојузот на синдикатите на Македонија повикува и организира протест заради исполнување следните барања:

1. Усвојување на измените и дополнувањата на Законот за работните односи со кои се прогласува недела за ден на неделен одмор согласно договореното на Економскиот – социјален Совет по пат на социјален дијалог .

2. Измена и дополнување на Законот за минимална плата со која ќе се спречи минималната плата да изнесува под 60 % од просечната плата ,односно истата да се зголеми најмалку на 18.000,00 денари и да се предвиди решение со кое и останатите плати ќе го следат растот на минималната плата.

3. Потпишување на Општиот колективен договор за јавен сектор.

4. Потпишување на Општ колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството.

Протестот започнува на 12.12.2021 година во 12:12 часот пред зградата на Сојузот на синдикатите на Македонија во Скопје.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2022 | Сите права се задржани.