Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ПРОГРЕСИВНИОТ СИНДИКАТ ЗА ОБРАЗОВАНИЕ ПРИ ССМ СО БАРАЊА

Како членка на најголемото синдикално семејство Сојузот на синдикатите на Македонија​ ви се обраќаме со став за состојбите во образованието во претстојниот период, поврзани со условите за одвивање на наставата и положбата на дел од наставниот кадар.

Во сезоната на грипови, влошување на состојбите со пандемијата од Ковид 19, енергетската криза во државава се залагаме и бараме од МОН да дозволи наставниците на наставнички совети да можат да одлучат дали наставата да ја држат со физичко присуство или преку интернет во периодот од 1 ви декември 2021 се до 31 март 2022 година.

Доколку состојбите со пандемијата се подобрат учениците би можеле во последното тримесечие да се вратат во училишните клупи и со успех да ја завршат учебната 2021/22 година.

Овие измени освен здравствена заштита ќе овозможат и заштеда на енергија, како и помало загадување од училиштата што се затоплуваат со други горива.

Исто така покрај ветувањата, освен вработените во стручните служби и техничкиот персонал во училиштата кои може веднаш да бидат вработени на неопределно време, но не и наставниците.

Се залагаме и препорачуваме оваа неправда итно да се исправи и што поскоро да се реши статусот на околу 4.000 вработени на одржливи работни места кои се уште работат со договори

на определно време.

Изненадени сме што засега единствениот репрезентативен синдикат во образованието е индиферентен кон претстојните предизвици на образовниот систем и наставниот кадар.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.