- Македонски
- English

Вработените од ЈП Паркови и зеленило Скопје, и фирмите ќерки ДООЕЛ Флораком и ДООЕЛ Луна денес одржаа протест со блокада на влезовите на претпријатието во период од 09 до 11 часот.
И покрај напорите на единствениот репрезентативен синдикат за комунални дејности СУТКОЗ за изнаоѓање на решение на проблемите на вработените од раководството на претпријатието немаше слух и повторно вработените останаа без заработената плата.
Доколку и денес не се исплати септемвриската плата вработените и СУТКОЗ ќе продолжат со протестите до исплатата на платата за месец Септември.
Не се исклучува можноста за стапување и во штрајк со прекин на работните активности на вработените ако не се изнајде решение за исплата на плата во наредните денови.
Вработените остануваат и на своите барања за исплата на регрес за годишен одмор, јубилејни награди, отпремнини за пензионирање и др. додатоци на плата.