Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ПРОТЕСТ НА ВРАБОТЕНИТЕ ОД ЈП ПАРКОВИ И ЗЕЛЕНИЛО СКОПЈЕ, И ФИРМИТЕ КЕРЌИ ДООЕЛ ФЛОРАКОМ И ДООЕЛ ЛУНА ПОРАДИ НЕИСПЛАТЕНА АВГУСТОВСКА ПЛАТА И ДОДАТОЦИ НА ПЛАТА

Денес 29.09.2025 година вработените од ЈППаркови и зеленило Скопје кој воедно е оснивач и на ДООЕЛ Флораком и ДООЕЛ Луна протестираа со блоќирање на бул Илинден поради неисплатената плата за месец Август како и поради неисплатените додатоци на плата, регрес за годишен одмор, јубелејни награди итн.

Вработените од овие три фирми доколку денес не ја добијат плата утре повторно ќе излезат на протест во период од 10 до 12 часот со блокада на бул Илинден. Доколку и утре не се исплати платата протестите ќе продолжат со блокирање на повеќе раскрсници во град Скопје.

СУТКОЗ како единствен репрезентативен синдикат заедно со стручниот кадар од ЈП Паркови и зеленило Скопје кој работеи долги години во претпријатието ќе излезат со предлог за одржливо финансирање на претпријатието во иднина искористувајќи и прилагодувајќи ги решенијата кои функционираат во слично претпријатија во соседните земји.

Ги повикуваме вработените од овие три фирми утре на протест од 10 до 12 часот на бул Илинден кај Фонтана(Матично).

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2026 | Сите права се задржани.