- Македонски
- English

Претседателот на ССМ, Дарко Димовски, заедно со голем број на претседатели на синдикатите здружени во ССМ од името на Сојузот на синдикатите на Македонија го поддржаа протестот на вработените во здравството организиран од страна на Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита на Република Македонија и застанаа рамо до рамо со здравствените работници за нивните барања за зголемување на платите и потпишување на Анексот на Колективниот договор.



