Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ПРОТЕСТ ЗА ПЛАТА

Вработените од ЈП Паркови и зеленило Скопје кој воедно е оснивач и на ДООЕЛ Флораком и ДООЕЛ Луна излегоа на нов ПРОТЕСТ денеска на 1 октомври 2025 година кој започна во 10 до 12 часот на бул. Илинден кај Фонтана(Матично) и на мостот Гоце Делчев.

Вработените кои излегоа на протестот покажаа дека работничката борба за работничката плата дава резултати.

По завршување на протестот, информирани сме дека платата на вработените во ЈП Паркови и зеленило Скопје е исплатена, а на вработените во ДООЕЛ Флораком и ДООЕЛ Луна се уште не е исплатена и доколку не се исплати, протестите продолжуваат и во наредните денови, а СУТКОЗ и работниците излегуваат повторно на улица утре 02.10.2025 година кога ќе излезат на протест вработените од ДООЕЛ Флораком и ДООЕЛ Луна во период од 10 до 12 часот со блокирање на бул. Илинден(кај Матично).

СУТКОЗ како единствен репрезентативен синдикат за комунални дејности ги повикува вработените од ЈП Паркови и зеленило Скопје кои денес земаа плата на штрајк/протест од солидарност ( согласно Законот за јавни претпријатија) да ги подржат колегите од ДООЕЛ Флораком и ДООЕЛ Луна.

Заедно сме посилни!


Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2026 | Сите права се задржани.