Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ПРОТЕСТ ЗА ПЛАТА НА РАБОТНИЦИТЕ ОД АД ВОДОСТОПАНСТВО ПРЕД МЗШВ

Вработени од АД „Водостопанство“ вчера протестираа пред Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, барајќи исплата на три заостанати плати како и здравствено осигурување за два месеца.

Претседателот на ССМ, Дарко Димовски и претседателот на АГРО Синдикатот, Игор Китаноски дадоа безрезервна поддршка на работниците.

Доколку не се реши состојбата веднаш, штрајкот на работниците, ќе значи дека ќе бидат сопрени вентилите за снабдување со вода на посевите, а со тоа ќе бидат загрозени посевите и се поради игнорантскиот однос на МЗШВ и Владата кон овие работници.

Раководството на Синдикатот во АД „Водостопанство“ најави дека ќе стапат во штрајк доколку не добијат одговор за исплатата во наредните два до три дена.

Претседателот на Синдикалната органзиација на АД „Водостопанство“, Коста Малзарков изјави дека работниците се разочарани и без основни услови за пристоен живот.

-Протестираме затоа што немаме земено три плати, два месеци немаме здравствено осигурување, вчера почна школската година, децата тргнаа во училиште само нашите работници не можеа да ги испратат децата со тетратки моливчиња и ранци не можеа да им дадат пари за оброк, немаат платено сметки за вода и струја, немаат платено рати за кредити секој ден им се јавуваат извршители, изјави Малзарков.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.