- Македонски
- English
ПРОТЕСТОТ НА РАБОТНИЦИТЕ ОД ЕУРОНИКЕЛ ТРАЕ, ССМ СО ПОДДРШКА НА ВРАБОТЕНИТЕ
Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов и Секретарот на Советот на ССМ Златко Цветковски денеска на протестот на Синдикалната организација на СИЕР при Еуроникел индустри на блокадата на патот Кавадарци, Велес, Прилеп каде што работниците протестираат, а се пропуштаат само итните случаи, здравствени случаи и возила на итна медицинска помош и АРМ.
И денеска, работниците на лошото време стојат на патот и чекаат или работодавачот или државата да профонкционир и да ги добијат заостанатите плати.
Претседателот на ССМ Слободан Трендафилов побара Управата за јавни приходи согласно надлежностите да изврши присилна наплата од средствата што ги должи по основ на невратен ДДВ и со тоа парите наместо на несовесните газди да легнат на сметките на работниците, а порача и дека најмалку што може, е неколку директори на компанијата наместо да ги канат на состанок во Влада, институциите да ги канат во полициска станица и обвинителство за и домашни и странски директори да одговараат за состојбата во која е доведен комбинатот и некој конечно да заврши во затвор.
ССМ дава целосна поддршка на вработените во нивната борба за спас на компанијата која не само што го полни државниот буџет, туку е егзистенција за 800 фамилии, а со тоа и за кавадаречкиот регион.