Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ПСО И ССМ НА СРЕДБА СО ПРАТЕНИЦИ ОД ДУИ

На барање на Прогресивниот синдикат на образованието – ПСО, денеска се одржа средба во Собранието на РС Македонија помеѓу раководството на ПСО предводено од Влатко Секуловски, Владо Димовски, Фитим Аџами и Јован Шапе, Претседателот на ССМ Дарко Димовски со Координаторот на пратеничката група на ДУИ, Арбер Адеми со пратениците од ДУИ.

На средбата се разговараше за потребата што е можно побрзо пратениците да го усвојат Предлог – законот за наставници и стручни соработници во основното и средното образование, а од страна на Претседателот на ССМ Димовски и раковоството на Прогресивниот синдикат на образованието – ПСО беше побарано од пратениците на ДУИ предлог законот за наставници и стручни соработници во основното и средното образование со кој се обезбедува социјална и сигурна иднина за најмалку 4.700 просветните работници и зголемување на платите што поскоро да се усвои и со тоа да се придонесе за социјалната сигурност на овие работниците кои изминатиот период биле манипулирани на еден или на друг начин, што мора да престане.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2026 | Сите права се задржани.