Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ПСО И ССМ НА СРЕДБА СО ПРАТЕНИЦИ ОД ВМРО - ДПМНЕ

На барање на Прогресивниот синдикат на образованието – ПСО при ССМ, денеска се одржа средба во Собранието на РС Македонија помеѓу раководството на ПСО предводено од Влатко Секуловски, Владо Димовски, Фитим Аџами и Јован Шапе, Потпретседателот на ССМ Иван Пешевски и Слободан Трендафилов од ССМ со пратениците на ВМРО ДПМНЕ , членови на Собраниската Комисија за Образование.

Учесниците на средбата од ПСО, ССМ и ВМРО-ДПМНЕ се согласија за потребата за донесување на закон за наставници и стручни соработници и се согласивме дека е потребно зголемување на платите во образованието согласно растот на минималната плата.

Истовремено, претставниците на ПСО и ССМ укажаа на потребата од што поскора трансформација на работниот однос на наставниците и стручните соработници од определено време на неопределено време.

Прогресивниот синдикат за образование при ССМ укажа дека во делот во кој се предвидува трансформација од определено на неопределено време, работат на соодветна анализа по училишта, паралелки и број на ученици, а учесниците се согласија дека предложеното решение не го предвидува ризикот од појава на вишок кај одредени наставници и по одредени наставни предмети, а за што како синдикат водиме грижа.

Од страна на Прогресивниот синдикат на образование беше истакнат ставот и беше предложено пратениците да ја изгласаат потребата за донесување на Законот , а за сите спорни членови во законот да се реагира амандмански за што и од страна на ПСО и од страна на ССМ ќе бидат доставени соодветни предлози кои ќе бидат изградени преку широка консултација со наставниците и стручните соработници која во следните денови ќе ја спроведува ПСО.

Претставниците на ССМ истакнаа дека главна заложба на ССМ во изминатиот период е Договорите за вработување да бидат на неопределно време за сите работници без оглед на тоа работникот на кој сектор припаѓа, а ова важно прашање може да почне да се регулира за почеток на наставници и стручни соработници во основното и средното образование, а беше укажано и на потребата од скалестото зголемување на платите на сите работници согласно зголемувањето на минималната плата и беше побарана поддршка од пратениците во оваа насока.

Ставот на пратениците од ВМРО ДПМНЕ , членови на Собраниската Комисија за Образование, беше истакнато дека истиот останува и дека ова законско решение не е добро и дека не може да биде корегирано со амандмани.

Сметаат дека е потребно министерот да го повлече предложеното законско решение, да го ревидира со учество на сите чинители, со учество на синдикатот и опозицијата и истото да биде предложено како заедничко ново законско решение кое ќе биде донесено во најкраток можен рок без да се користи како инструмент за политичка пресметка, туку да биде здраво системско решение за квалитетно образование.

Во наредниот период ПСО и ССМ продолжуваат со интензивни активности за обезбедување на социјална сигурност за оваа категорија на работници.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2026 | Сите права се задржани.