Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ПСО ПРИКЛУЧЕН КОН ССМ

РАБОТНИЦИТЕ ВО ОБРАЗОВАНИЕТО СО НОВ ЗАШТИТНИК НА НИВНИТЕ РАБОТНИЧКИ ПРАВА

Во духот на братското синдикално дејствување и потребата од окрупнување на синдикалното движење во Државата, а препознавјќи го ССМ како единствен репрезентативен синдикат на територија, во јавниот и во приватниот сектор, Прогресивниот синдикат на образование - ПСО побара да се приклучи кон големото синдикално семејство на ССМ.

Барањето на гранскиот синдикат Прогресивен синдикат на образование - ПСО едногласно беше прифатено од страна на Советот на ССМ на денешната седница со што вработените во образованието добија нов нивен заштитник.

ССМ како единствен репрезентативен синдикат во јавниот сектор и во приватниот сектор секогаш застанува во одбрана на работниците и своите ставови ги искажува јавно и транспарентно се залага и се бори за сите работници во сите сектори вклучително и во секторот образование што е препознаено и од новиот Прогресивен синдикат на образованието - ПСО.

Поради недостатокот на заштита на работниците во образованието, ССМ заедно со Прогресивниот синдикат за образование - ПСО секогаш ќе стојат во одбрана на нивните работнички права, а работниците слободно ќе можат да ги искажат своите ставови и заедно со ССМ да ги остварат своите права.

Прогресивниот синдикат на образование на Република Македонија е доброволна и независна организација која се бори за остварување, унапредување и заштита на економските, социјалните, работно-правните, професионалните, образовните, културните и другите права и интереси на своето членство односно на вработените во образованието.

Целите на Прогресивниот синдикат на образование се:

-постигнување на добри социјално-економски и професионален статус на членството

-заштита на правото на работа и на работниот однос;

-социјален дијалог;

-колективно договарање;

-учество во образовната политика и законодавството, согласно меѓународните стандарди;

-унапредување на условите за работа;

-права на социјално, здравствено, пензиско и инвалидско осигурување;

-права на дневен, неделен и годишен одмор;

-поефикасна превентивна здравствена заштита;

-создавање мотивација за креативен и квалитетен труд за унапредување на професијата;

-обезбедување на законски гаранции на социјална заштита во случаи на појава на вишок на работници;

-остварување на меѓународна соработка.

-интернационализација на училиштата

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.