Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

Работилница на “pro – ge“, сгип, сиер и агро синдикат

5.04.2013

Харалд Видехофер, Маре Анчева, Џени Формби, Герхард Рајс, Мато Лалиќ и Јаким Милутиновиќ (од лево кон десно)Харалд Видехофер, Маре Анчева, Џени Формби, Герхард Рајс, Мато Лалиќ и Јаким Милутиновиќ (од лево кон десно)

Денес во ССМ се одржа Работилницата за зачленување на нови членови. Работилницата е одржана во рамките на неколкугодишниот заеднички проект на синдикатот од Австрија “PRO-GE“ со Синдикатот за гардежништво, индустрија и проектирање, Синдикатот за индустрија и енергетика и АГРО Синдикатот.
Слушатели на работилницата беа членови на трите македонски синдикати. Предавач бече Џени Формби, национален секретар во синдикатот од Велика Британија “Union“, која ги пренесе искуствата околу методите на зачленувањето во нејзината земја.

На собирот присуствуваа Харалд Виденхофер, генерален секретар на Европската федерација на синдикатите за храна, агрокултура и туризам (EFFAT), Герхард Рајс од “PRO-GE“, како и соработниците на заедничкиот проект на “PRO-GE“, СГИП, СИЕР и АГРО Синдикатот Мато Лалиќ од Хрватска и Јаким Милуновиќ од Србија.

Покрај денешната средба, која е дел од проектот насловен како “Член зачленува член“, во рамките на неколкугодишната соработка се одржани повеќе едукативни советувања и семинари за социјалниот дијалог, колективното договарање и други синдикални теми.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2026 | Сите права се задржани.