- Македонски
- English
РАБОТИЛНИЦА НА УПОЗ - Младите се движечка сила на синдикатите
Синдикатот на УПОЗ организираше обука на која учествуваа 23 млади членови на Синдикатот на УПОЗ од 13 синдикални организации, кои покажаа интерес за дадената тема насловена “Синдикалната борба и достапните механизми за заштита”, активност која беше реализирана со Синдикалниот центар за едукација и обуки од Скопје а е поддржана од страна на Европската младинска фондација при Советот на Европа.
На почетокот на оваа работилница, свое обраќање имаше Претседателот на Синдикатот на УПОЗ Трпе Деаноски, кој даде краток осврт на активностите кои ќе бидат дел од овој проект, но ги запозна членовите и со агендата за настанот. По ова, учесниците беа запознаени со активностите со кои се соочува Синдикатот на УПОЗ во овој период, но и кое е значењето на синдикалното здружување.
По излагањето на Претседателот Деаноски, пред присутните се обрати и Претседателот на Сојузот на Синдикатите на Македонија (ССМ) Слободан Трендафилов, кој ги поздрави присутните учесници и ги запозна со активностите кои ССМ ги спроведува во овој период. Исто така, Претседателот Трендафилов укажа на тоа дека овие активности кои Синдикатот на УПОЗ ги спроведува за своите млади членови, треба да бидат поттик и за останатите грански синдикати, да ги вклучат младите во процесите, затоа што младите треба да се движечката сила на Синдикатите.
Учесниците имаа можност да го слушнат предавањето по дадената тема на Професорот д-р Александар Ристоски од Правниот факултет Јустинијан Први – од катедрата на трудовото право.