Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

РАБОТИЛНИЦА ЗА ЗАЈАКНУВАЊЕ НА ЗАШТИТАТА НА ВРАБОТЕНИТЕ ВО СЛУЧАЈ НА СТЕЧАЈ НА НИВНИОТ РАБОТОДАВАЧ

Во просториите на ССМ се одржа информативен ден со претставниците на Синдикатите за заштита на правата на вработените во случај на стечај на нивниот работодавач во рамки на проектот „Зајакнување на заштитата на вработените во случај на несолвентност на нивниот работодавач“.

Проектот е насочен кон создавање услови за имплементација на Директивата 2008/94/ЕЗ.

Претставниците на синдикатите добија информации по ова прашање, бидејќи синдикатите се клучен играч во имплементацијата на законодавството во областа на заштитата на правата на вработените и се дел од социјалниот дијалог.

Оваа директива ги штити легитимните побарувања на вработените во случај на стечај(несолвентност) на нивниот работодавач.

Имплементација треба да биде предмет на преговори социо-економскиот совет.

Исто важна причина е тоа што ќе им биде овозмозможено на синдикатите да го информираат своето членство, како и другите вработени за нивните права и за можноста на работниците да добијат соодветен надоместок во случај на стечај(несолвентност) на нивниот работодавач.

Целта на Информативниот ден беше да ги запознае учесниците со содржината и фокусот на Директивата 2008/94/ЕЗ, нејзиниот социјален опсег, формулацијата на нејзините поединечни членови и обврските на земјите членки кои произлегуваат од оваа Директива.

Исто така, беа презентирани предусловите за имплементацијата на Директивата во македонските услови, подготвениот модел за имплементација на гарантната шема и финансискиот контекст.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2026 | Сите права се задржани.