Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

РАБОТИМЕ ПЛАТИТЕ НА СИТЕ РАБОТНИЦИ ДА СЕ ЗГОЛЕМАТ ВО НАЈКУС РОК

Економско-социјалниот совет денеска одржа седница со која претседаваше министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, како претседателка на ова тело. На седницата која беше во поширок состав, присуствуваа членовите од ССМ, Претседателот на ССМ, Дарко Димовски, Претседателот на СГИП, Иван Пешевски, Претседателот на УПОЗ, Трпе Деаноски и Претседателот на Синдикатот за здравство, фармација и социјална заштита, Љубиша Каранфиловски, вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, министрите за финансии, образование и наука, информатичко општество, Бесими, Шаќири, Алити, претставници на другите синдикати и Организација на работодавачи, репрезентативни и нерепрезентативни.

На денешната седница, се отвори дискусија за барањето на Синдикатот за здравство во однос на усогласување на останатите плати во здравството, Синдикатот на УПОЗ за вработените во управата и правосудните органи со порастот на минималната плата, а беа изнесени и барањето на СУТКОЗ за усогласување на платите во комуналните дејности како и платите на работниците во приватниот сектор и јавниот сектор.

Претставниците на ССМ укажаа на потребата од скалесто зголемување на платите на вработените согласно зголемувањето на минималната плата за 2.800 денари и која од март изнесува 18.000 денари нето основна плата.

Беше укажано дека вработените очекуваат скалестото зголемување на платите да се случи уште веднаш и дека синдикатите веќе преговараат секој во дејностите каде што ги претставуваат работниците и дека следните денови ќе се направат напори по пат на социјален дијалог да се утврди начинот на зголемувањето на платите, а тоа да не биде на штета ниту на работниците ниту на претпријатијата и институциите, а за што синдикатите здружени во ССМ веќе нудат прифатливи модели.

Заклучокот на денешната седница на Економско-социјален совет подржан од неговите членови беше дека социјалниот договор во однос на усогласување на останатите плати продолжува. Секој синдикат и ресорниот министер, чии интереси застапува продолжува со социјалниот дијалог за усогласување на платите.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2022 | Сите права се задржани.