Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

Работна посета на претседателот на ссм и синдикатот за шумарство во синдикалната подружница при лешница тетово

20.8.2015    
 
Слика бр.1. Претседателот д-р Митревски со претставникот на менаџментот на ЈП Македонски Шуми, Маријан Стојановски со претседателот на подружницата при Лешница- Тетово, Роберт ЗлатевскиСлика бр.1. Претседателот д-р Митревски со претставникот на менаџментот на ЈП Македонски Шуми, Маријан Стојановски со претседателот на подружницата при Лешница- Тетово, Роберт Златевски

Спроведувањето на колективниот договор, непосредниот увид, безбедност и здравје на вработените, беа централната тема на работната посета на претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) и Синдикатот на работниците од шумарството, дрвната индустрија и енергетика на РМ (СШДЕ), д-р Живко Митревски и на претставникот на менаџментот на ЈП Македонски Шуми, Маријан Стојановски, во подружницата при Лешница- Тетово.

Покрај останатото во рамките на работната посета беше извршен и непосреден увид на теренот во Љуботен и сечиштата околу Љуботен, со цел претседателот, д-р Митревски и претставникот од менаџментот на ЈП Македонски Шуми, непосредно да се запознаат со примената на К.Д. и условите за безбедност и здравје при работа.

Од страна на претседателот на подружницата при Лешница- Тетово, Роберт Златевски и членовите на извршниот одбор на оваа С.О.,  кои воедно имаат и прием на 33 нови членови во Синдикатот на работниците од шумарството, дрвната индустрија и енергетика на РМ (СШДЕ), беше укажано за активностите кој се вршат во самата подружница, како  и на  недостатоците со кој се соочуваат вработените на терен.

20-08-2015-img220-08-2015-img2

Оваа работна посета е во рамките на работни посети на претседателот на ССМ и СШДЕ, д-р Живко Митревски, со цел да се изврши подобар увид на терен, со што подобро би се запознал со повеќе прашања од работата и спроведувањето на К.Д.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2026 | Сите права се задржани.