Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

Работна посета на претставнициte од bwi

07.04.2014

07.04.2014-foto1Слика: Претставниците од СГИП и СШДЕ со претставниците од BWI

Во организација на Светскиот синдикат за градежништвото, шумарството и дрвна индустрија BWI, а со поддршка на фондацијата Фридрих и Еберт, во Скопје на 8 и 9 април 2014 година, ќе се одржи семинар за колективно преговарање. Во фокусот на семинарот ќе бидат и инфраструктурните проекти во земјава.

Семинарот е организиран за земјите од Југоисточна Европа на кој ќе учествува и директорката за безбедност и здравје при BWI, Фиона Мурие.

Во рамките на активностите, директорката Фиона Мурие на 07.04.2014 година имаше посети на Синдикатот за градежништво, индустрија и проектирање на РМ (СГИП) и Синдикатот за шумарство и дрвна индустрија и енергетика на РМ (СШДЕ), а со претставниците од СГИП остварија средба со директорот на Државниот инспекторат за труд, г-дин Насер Бајрами.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2026 | Сите права се задржани.