Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

Работна прослава на празникот први мај

 

Мотото на утрешната прослава на Први мај, Меѓународниот ден на трудот, гласи “Зачлени се и запознај го твојот синдикат“. Сојузот на синдикатите на Македонија празникот ќе го одбележи работно, на плоштадот “Македонија“ во Скопје, на Први мај, од 11 до 13 часот.

Претходно Советот на ССМ во 10 часот ќе одржи пригодна седница, на која ќе присуствуваат гости од претставниците на власта, на работодавачите и на граѓанскиот сектор. На седницата претседателот на ССМ Живко Митревски ќе одржи говор, со акцент на економско - социјалната состојба и ќе упати апел до власта и работодавачите за подобрување на материјалната положба на вработените, како и за признавање на ССМ како социјален партнер. Истовремено седницата ќе биде посветена  и на одбележувањето на Светскиот ден за безбедност и здравје при работа.

Во склоп на прославата, од 11 до 13 часот, на плоштадот “Македонија“, ќе бидат поставени 20 штандови, на кои ќе се претстават синдикатите здружени во ССМ. Секој синдикат ќе има поставено свое знаме, транспаренти, рекламен материјал, пристапници  и по можност освежување, маици, капчиња и друго.

На плоштадот ќе биде поставен заеднички банер со мотото на кампањата, како и заеднички флаер со текст за придобивките на сегашните и идните членови на ССМ. Флаерот ќе биде изложен на штандовите и ќе биде достапен за секое заинтересирано лице.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2026 | Сите права се задржани.