- Македонски
- English

Денес во Министерството за здравство се одржа прва работна средба на новиот министер за здравство Никола Тодоров со претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија Живко Митревски и претседателот на Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита Љубиша Каранфиловски.
На средбата е разговарано за одржување и унапредување на дијалогот меѓу социјалните партнери, за концептот на здравствената заштита, за условите на здравствената заштита во насока на претстојните реформи во здравството и за други прашања врзани за уредувањето на односите во здравствениот систем во Република Македонија.
Двете страни констатираа дека социјалниот дијалог и интензивната соработка меѓу министерството и синдикатот ќе продолжат во континуитет како и досега.