- Македонски
- English

Секцијата на жени при Синдикатот СГИП во Охрид организираше меѓународна конференција во рамките на кампањата ,,ЕДНАКВИ, ОБЕДИНЕТИ, СИЛНИ".
Не меѓународната конференција организирана од СГИП, учествуваа седумдесетина храбри работнички од секторот градежништво од Македонија, Холандија, Финска, Шведска, Хрватска и Србија, претставнички на BWI (Меѓународна организација за градежништво и дрвна индустрија) и EFBWW (Европска федерација за градежништво и дрвна индустрија) кои разменија искуства за предизвиците и проблемите со кои се соочуваат.
Главна тема за дискусија беше улогата на жените во фер транзицијата за еднакви права, а свои презентации имаа Ивана Димитрова која воедно е и заменик претседавач со Европскиот женски комитет на BWI, Josefine Krantz, Nina Kreutzman, Zamaney Menso од BWI и EFBWW, како и учесничките од синдикатите од Хрватска и Србија.
На конференцијата ќе бидат донесени и заклучоци за понатамошното дејствување на Женскиот комитет на BWI.
Сојуз на синдикатите на Македонија
BWI Global Union
EFBWW