Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

РАБОТНИЦИТЕ НЕ СЕ ЗАДОВОЛНИ

Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Дарко Димовски во изјава за медиумите порача дека доколку во среда не бидат исполнети нивните барања, ќе организираат штрајк, а не се исклучени и други можности како протест, блокирање на улици…

Во среда е закажан Економско-социјалниот совет на кој ќе се одлучува за барањата на синдикатот за зголемување на минималната плата на 18.000 денари и спирално зголемување на сите останти плати и за враќање на правото за регрес на годишен одмор за сите вработени во јавниот сектор.

Само Сојузот на синдикатите на Македонија подолго време бара зголемување на минималната плата на 18.000 денари и спирално зголемување на сите останати плати. Како аргументи ги посочува зголемувањето на трошоците за живот и фактот што за синдикалната минимална кошничка се малку две минимални плати. Минатата недела беше презентирана и анализа од тројца професори која потврдува дека зголемувањето на минималната плата не влијае негативно на фирмите, туку ја зголемува мотивираноста на вработените, а со тоа се влијае и врз продуктивноста.

Целата изјава можете да ја погледнете во прилогот на TV Telma на следниот линк:

https://telma.com.mk/.../%D0%B2%D0%BE-%D1%81%D1%80%D0%B5.../

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2026 | Сите права се задржани.