Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

РАБОТНИЦИТЕ НЕМААТ ПЛАТИ И ЗА ДА ЗАШТЕДАТ

31 октомври е Светски ден на штедењето, денот кога се потсетуваме колку е важно да се има финансиска сигурност.

Затоа изминатиов период Сојузот на синдикатите на Македонија и синдикатите здружени во ССМ не престанавме да апелираме за покачување на платите на работниците за да можат да заштедат за подобар и достоинствен живот.

Воедно, Сојузот на синдикати на Македонија заедно со СФДМ традиционално секоја година овој ден го одбележувa преку соодветни настани, така што и оваа година по тој повод во просториите на ССМ ќе се одржи семинар на стручна тема - Начин и постапка за идентификација на клиенти од законот за спречување на перење пари, други приноси од казниво дело и финансирање на тероризам.

Под мотото едуциран работник, силен синдикат потсетуваме дека работниците денес се помалку се моќни да штедат наспроти високата стапка на инфлација и куповната моќ која ја губат.

Со трендот на незголемување соодветно на платите, граѓаните наместо да штедат се соочено со предизвик да трошат од веќе заштеденото. Со новата економска енергетска криза, сиромаштијата веќе зема замав и се очекува според економските експерти од 400 000 сиромашни лица да се зголемат за уште 50 000 сиромашни.

Светскиот ден на штедењето е воведен на 31 октомври во1924 година на Првиот Меѓународен конгрес на штедилниците во Милано, Италија. За неговото воведување одговорен е италијанскиот професор Филипо Равица и со тоа се истакнала вредноста на штедењето како за поединците, така и за целокупниот светски економски напредок

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.