- Македонски
- English
ПЛАТИТЕ ВО ПРИВАТНИОТ СЕКТОР ТРЕБА ДА БИДАТ ПОВИСОКИ
– Платите во приватниот сектор треба да бидат повисоки, имајќи предвид дека приватниот сектор е двигател на економијата и на БДП-то и го полни буџетот на државата од кој зема плата и јавниот сектор - Иван Пешевски, потпретседател на Сојуз на синдикатите на Македонија за приватен сектор и Претседател на Синдикат за градежништво - СГИП
Од Сојузот на синдикати за весникот ВЕЧЕР изјавија дека ќе се залагаат за зголемување и на платите во приватниот сектор, кој го полни буџетот на државата и од кој зависат и платите во јавниот сектор. Оттаму велат дека се свесни за ситуацијата во државата, но, исто така, се свесни дека функционерите воопшто не покажале срам од тоа што со месеци земаат плати повисоки за 78 отсто.
– Платите во приватниот сектор треба да бидат повисоки, имајќи предвид дека приватниот сектор е двигател на економијата и на БДП-то и го полни буџетот на државата од кој зема плата и јавниот сектор. Ние ќе се бориме растот на платите да биде усогласен со инфлацијата, а не да гледаме кој зема 50, 60, 70 илјади плата. Веќе не треба да се гледа висината на платата, туку што може да се купи за таа плата. Важно е да се зачува куповната моќ на работниците – изјави Иван Пешевски за весникот ВЕЧЕР.
Со новата методологија, вредноста на синдикалната минимална кошничка порасна за 12 илјади, така за декември 2023 година изнесувала 56.522 денари, без кирија и кредит. Доколку влезе и овој трошок во пресметката, тогаш сумата би изнесувала 74.000 денари. За да се покријат месечните трошоци, потребни се една минимална и една просечна плата.
Од Синдикатот велат дека ова е доволен показател дека платите во Македонија треба да растат.
– Покрај зголемување на минималната плата, која, според најавите од власта, во март ќе порасне на 22.500, треба процентуално да пораснат и останатите плати. Таму каде што има колективни договори, сите плати треба да растат скалесто, а не само минималната плата. Меѓутоа, работодавците не го прават тоа, тие сметаат дека треба да се зголеми само минималната, а не и останатите плати – додава Пешевски.
Целиот текст можете да го прочитате на линкот