Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

РАБОТНИЦИТЕ ПО СВОЕТО НА ПРОТЕСТ ПРЕД ВРХОВЕН СУД

РАБОТНИЦИТЕ ПО СВОЕТО НА ПРОТЕСТ ПРЕД ВРХОВЕН СУД

На 02 април 2024 година во 11 часот го започнуваме првиот протест  од пред Работнички дом (зграда на ССМ) до Врховниот суд.

Ги повикуваме сите, работници, граѓани, синдикалци, борци за работнички права, затоа што денеска дојдоа по нашиот и вашиот дом, по Работничкиот дом, дојдоа да не спречат да се бориме за работничките права, дојдоа затоа што сме гласни, затоа што се бориме и не ги молиме.

Сојузот на синдикатите на Македонија е единствената класна работничка организација која е стара колку и државата и која денес им смета на елитите, на олигарсите, на политиките.

Сакаат да го уништат симболот на работниците, да го погазат работничкото достоинство.

Работничкиот дом е симболот на синдикалното здружување односно здружувањето на работниците и граѓаните во Македонија за економско-социјални цели. Од оваа зграда, која е изградена од членарината на здружените членови на ССМ, работниците - граѓани и која претставува најважниот поединечен синдикален имот отпочнал и завршил секој поголем протест и штрајк и во истата e донесена секоја значајна одлука од аспект на синдикалното движење во Републиката.

Работничкиот дом изграден во 1958 година го преживеал катастрофалниот земјотрес во Скопје во 1963 година и прераснал во симбол на работничката борба и работничкиот непокор, запамтен во колективната меморија на генерации работници.

Денеска дојдоа по синдикатите, ако не се побуниме сега, утре кога ќе дојдат по работниците, ќе нема кој да се побуни за нив !

РАБОТНИЦИТЕ НЕМААТ ОПРАВДУВАЊА, ИМААТ САМО ИЗБОР, НЕ СЕ МОЛИМЕ, ЌЕ СЕ БОРИМЕ !

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.