- Македонски
- English
Високите цени на основните прехранбени продукти, услугите, како и цените на енергенсите и инфлацијата неминовно ја налагаат потребата од повисоки плати.
Нема позначајно барање во историјата на синдикалното движење од барањето за достоинствена плата, адекватна на трудот и потребите на работниците и на граѓаните.
Не постои оправдување Владата уште на почетокот од својот мандат, без да видиме никакви резултаи и ефекти од владеењето и политиките, да прифати плати за своите функционери покачени за 78 отсто и да испалаќа превоз за нив на месечно ниво повеќе од износот на минималната плата.
За работниците, без никаков социјален дијалог и без слух за нивните реални потреби, децидно, сама одлучи за висината на минималната плата, која е пониска од сите минимални плати во регионот – вели во интервјуто за весникот ВЕЧЕР синдикалниот лидер, Слободан Трендафилов.