Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

РАБОТНИКОТ ВО НЕДЕЛА МЕСТО ДА ОДМАРА, РАБОТНИКОТ РАБОТИ, РАБОТНИКОТ МЕСТО ДА БИДЕ ПЛАТЕН ДОПОЛНИТЕЛНО, РАБОТНИКОТ НЕ Е ПЛАТЕН ПОРАДИ ПРАТЕНИЦИТЕ

Денеска ( недела ) требаше да одмараат 92 проценти од вработените, а 8 проценти од работниците кои заради спецификите на работните места требаше да работат ќе беа платени со најмалку 50% до 100% додаток за работа во ден на неделен одмор.

Ги прашуваме пратениците кои не најдоа време и разбирање за работниците да го изгласаат законското решение со кое се прогласуваше НЕДЕЛА ЗА ДЕН НА НЕДЕЛЕН ОДМОР, дали знаат дека работниците денеска работат и за тоа не се платени дополнителнo za најмалку плус од 50% до 100% на нивната дневница.

Ќе ги потсетуваме секоја недела, колкава штета му се прави на работникот поради политички игри и интриги.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.